Овие две девојки ги поврзува темната коса, темниот тен на кожата и се разбира- завидливи облини!
Надиа Аболхосн е една од најпознатите и највлијателните „plus size“ бологерки на светот, а неодамна добила понуда од познатата фирма Bohoo каде ќе дизајнира облека за жени со плус големина.
Оваа славна девојка е горда на својата темна коса, темниот тен и облините на кои многумина не можат да оддолеат, а голем број од нив сметаат дека токму поради овие карактеристики Надиа потсетува на Ким Кардашијан.
Многу жени кои гордо ги носат своите облини се големи обожавателки на оваа блогерка која е полна со модни совети, а на социјалните мрежи ја следат илјадници обожаватели.
26-годишната Надиа до својата 22-ра година живеела на Флорида, а сега одлучила да го следи својот моден сон и се преселила во Њу Јорк. Набрзо почнала да пишува блог и собрала фанови од целиот свет, пишува Daily Mail.
„Колекцијата на која работам е минималистичка со допир на гламур и најважна е самодовербата и личноста да се чувствува добро во своето тело“, тврди Надија, и вели дека модата не треба да биде ограничена на големина и токму поради тоа својата колекција се обидува да ја прилагоди на жени со плус големина.
Нејзиниот Инстаграм профил е преполн со фотографии на кои оваа убавица гордо позира.
Исто како и кралицата на „селфи“ Ким Кардашијан и Надиа горди ги носта своите женски облини и ги охрабруваат жените во светот да го сакаат своето тело.