Две исчезнати лица, едното можеби киднапирано

Еден 33-годишен и еден 26-годишен маж се пријавени во полиција како исчезнати лица. 33-годишникот исчезнал во Боговиње, додека 26-годишниот Русин во Скопје.

Според информациите кои МВР ги даде за јавноста, откако А.А. (33) бил пријавен за исчезнат, на пријавителот му биле испратени СМС пораки дека А.А. и неговото возило се задржани од непознати лица и дека ќе го пуштат откако ќе им дадат одредена сума на пари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на случајот.

Во вториот случај, исчезнувањето го пријавила мајката на исчезнатиот, исто Русинка, која во ПС Бит Пазар пријавила дека на 9 ноември околу 10.00 часот од хотел на улица „П.Ѓорѓиев“ во непознат правец се оддалечил нејзиниот син Д.О. (26) од Русија.

- Реклама -