Додека некои мажи уживаат да ги негуваат нивните долги и густи бради, постојат и такви кои само сонуваат за ова. Без разлика дали станува збор за генетиката, девојката или работното место кое ги спречува да се вратат на нивните пештерски корени, брадата не е секогаш возможна за секого. Во меѓувреме, на веб-страната „BeardedGospelMen.net“, љубителите на раскошната брада креираа серија духовити постери во кои ја изразуваат нивната почит и восхит кон овој „украс“ на машките лица.