Најмалку 120 лица изнесува бројот на вработени во ПР-службите на власта, вклучувајќи ја Владата и министерствата.
За да се платат овие лица, годишно се издвојува сума од 690 илјади евра. Дел од овие лица се на плата, а дел на хонорари.
Овие податоци ги проследи информативната агенција „Макфакс“ преку барања за слободен пристап до информации со јавен карактер.
Само во Владата има вработени 40 лица, ангажирани за односи со јавност и комуникации, а дополнително со авторски договор биле ангажирани уште 25 лица, едден портпарол и еден посебен советник за односи со јавност.
Помеѓу министерствата пак, најмногу вработени во секторот за односи со јавност има во МВР, МНР, Министерство за животна средина и просторно планирање и Министерство за култура.