Цели 32 дена биле потребни за да се направи фотографија од дрво кое поради својата големина го добило прекарот „Претседател“.
Дрвото старо 3.200 години никој не успеал да го фотографира во целосната големина, се досега!
Гигантското дрво е едно од најстарите во светот, високо 75.3 метри, широко 8.2 метри, со обем 1.274.3.
Интересно е што дрвото и понатаму добива околу еден кубен метар годишно – што го прави едно од најбрзо растечките дрвја во светот.