Дру Баримор ја запозна со новата сестра својата прва 19-месечна ќерка Олив.
Актерката (39), роди девојче вторникот навечер, со својот сопруг Вил Копелмен (36) покрај неа.
„Среќни сме да објавиме дека денес сме горди родители на нашата втора ќерка, Френки Баримор Копелмен“, изјави двојката за People.
„Олив има нова сестра, и сите се здрави и среќни!“, додале.
Дру- која објави дека ќе роди девојче во Декември- прославија со „baby shower“ во Саботата со нејзините блиски пријателки, меѓу кои и Камерон Дијаз, Рис Витерспун и Гвинет Палтроу.
Дру изјави дека нејзините приоритети се промениле сега кога нејзиното семејство расте.
„Порано ми беше работата на прво место, а сега животот ми е на прво место“, рекла таа.