„The Anna Nicole Story“ е името на новиот филм за актерката Ана Никол Смит, кој на големо изобилува со сцени полни со дрога, секс и алкохол.
Филмот кој критичарите веќе го карактеризираа како луд и депресивен премиерно би требало да биде прикажан на 29 јуни.
Ана Никол Смит беше една од најпознатите Плејбој зајачици и телевизиски лица. Таа беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во 2007-та година поради предозирање од девет различни лекови.
Џон Рис и Џо Батер го напишаа сценариото за овој филм, а зад режисерската палка застана Мери Харон.
[youtube]http://youtu.be/YfK-FYtr5Ac[/youtube]