Древна архитектура која плени и денес

Древните градби фасцинираат не само заради нивната необичност и убавина. Величенствените храмови и историски споменици зад себе кријат неверојатни и интересни приказни, кои восхитуваат и прават да се запрашаме за времињата кои поминале, и сегашноста во која живееме, исполнета со технолошки и виртуелни збиднувања и напредоци. Во галеријата подолу ви прикажуваме 10 најневеројатни древни архитектонски достигнувања, на кои и модерните архитекти можат само да им подзавидат.

1. Колосеумот, Италија. Импресивната арена можела да собере 50.000 љубопитни посетители кои доаѓале да ги следат борбите на гладијаторите. Изграден во 70 година од н.е. Колосеумот претставува прекрасно римско наследство.

elia-600x421

2. Мачу Пикчу, Перу. Градот бил изграден во 15 век и е најпрекрасното наследство останато од цивилизацијата на Инките.

stephen-600x398

3. Ват Фра Шри Сенфет, Тајланд. Кралскиот храм бил изграден во 1448 година, и претставува одлично сочувано древно чудо.

sunny-600x372

4. Таџ Махал, Индија. Најпознатиот споменик за љубов. Императорот Шах Јахан го изградил ова бело мермерно чудо во чест на неговата почината љубена сопруга.

trey-600x330

5.  Големата пирамида од Гиза, Египет. Најстариот споменик од Седумте светски чуда на античкиот свет, пирамидата е најголема во некрополата Гиза.

Untitled-21-600x337

6. . Чичен Ица, Мексико. Градот бил центар на цивилизацијата на Маите. Храмот на Кукулкан е најпознат споменик.

Untitled-73

7.  Петра, Јордан. Врежана во градби, Петра понекогаш ја нарекуваат роза во пустината. Таа била главен град на царството Набатаен во 7-от век п.н.е.

Untitled-112-600x380

8.Анкор Ват, Камбоџа. Споменикот бил изграден во 12 век и е најголемиот хинду, и воопшто верски комплекс од храмови во светот.

Untitled-162-600x486

9. Аја Софија, Турција. На почетокот на нејзината изградба во 532 година таа претставувала базилика, која подоцна станала џамија. Оваа волшебна градба деенс претставува музеј.

yonka-600x402

10.  Мои, Велигденскиот Остров. Издлабени од Рара Нуи луѓето, монолитните скулптури биле изработени меѓу 1250 и 1500 година. Научниците се уште немаат точна теорија за тоа како овие џиновски фигури биле направени и донесени тука.

yosuke-600x387

- Реклама -