Вчера голем дел од медиумите го нападнаа Жељко Јоксимовиќ, за еден од коментарите кон еден од учесниците на регионалното шоу X Фактор.
Имено, Жељко му искоментира на Илија Михајловиќ дека треба да ги намали килограмите ( по втор пат).
„Ова беше технички врвна изведба. Но што ќе правиме со вишокот килограми?“, му рече Жељко на 16 годишниот Илија.
После објавите во медиумите, Жељко се огласи со коментар на оваа тема:
„За сите душогрижници, морам да појаснам. Х Фактор Адриа не е натпревар во кој бараме пејачи, тоа е шоу каде што бараме некој кој ги има сите атрибути. Потенцијални музички ѕвезди. А како и самиот често водам борба со вишокот килограми, не гледам ништо лошо во обрнувањето на внимание на физичкиот изглед и грижата“, напиша Жељко на својот профил на Твитер.