Дознајте кој тип на пијаница сте вие?

Алкохолот различно делува на луѓето. Некои ги поттиснува и молчат, други претерано зборуваат, а трети се агресивни.Какви сте вие? Проверете кој е вашиот начин на пијанство.

Емоционално пијанство

Штом ќе пивнете малку повеќе, го „оставате срцето на маса“, зборувате за вашите емоции, она што тлее во вас или ве мачи, плачете или се смеете и им раскажувате на сите колку сте заљубени.

Нервозно пијанство

Неколку чашки и вие веќе навлегувате во некоја расправија, се лутите и се докажувате со луѓе, безразлика дали ги познавате или не.

Наметливо пијанство

teen-parties

Влегувате во туѓу разговори, со сите одеднаш станувате блиски, се бакнувате, ги прегрнувате и се наметнувате секаде и со секого.

„Куме бре, ќесето ти изгоре“

Пијани сте и ете одличен повод да ја потрошите секоја пара од џебот. Ги частите сите, оставате пари на музиката и нарачувате песни (доколку сте во кафеана), и многу брзо останувате со празен паричник.

Весело пијанство

alkohol-cover

Не престанувате да скокате и да се глупирате бидејќи секоја можна песна во клубот е токму таа…вашата 🙂

Интровертно пијанство

Алкохолот вас ве учи, ве тера да се замислите и да гледате во една точка. Сами со своите мисли, не сакате никого во својата близина, освен себе и вашите мисли.

Филозофско пијанство

profimedia-0006359454

Подрзабира длабока анализа за смислата на животот со сите кои сакаат да слушаат. Продуховеноста која нагло сте ја стекнале, благодарение на Кралот Алкохол, како што би го нарекол Џек Лондон, морате да го поделите со некого, па тоа го правите со сите во вашето опкружување.

Кокетно пијанство

Патите за внимание, отворени сте за флерт и се, па и секој доаѓа во предвид, додека се чувствувате секси.

Јунак си!

Пијанството во вас буди јунак кој е подготвен на се и кој не се плаши од ништо и од никого. Како да не постои утре.

Пијанство со губење на помнењето

695503-teen-drinking

До толку сте се уништиле, што алкохолот ви создава дупка во помнењето. Тогаш, утредента се сретнувате со пријателите и се обидувате да ги составите сите делови од слагалицата кои недостасуваат.

 

 

- Реклама -