Проблематичниот брак на актерката Тори Спелинг само што доби престврт.
И покрај тоа што ја измами, актерката Тори Спелинг остана покрај својот сопруг Дин МекДермот, но тој со својот последен потег целосно го скрши нејзиното срце.
Всушност, Дин сака развод.
– Дин му е доста и уморен е од тоа Тори постојано да глуми жртва, рекол извор за Radar Online.
– Да, Дин ја измами, но Тори исто така била одговорна за тоа што се случило. Сега му е доста и ѝ се закани со развод, рекол изворот.
Изворот тврди дека одлуката на Тори за снимање на реалити шоуто додека нивниот брак е во криза била последната капка која ја претекла чашата.
– Порано Дим би направил сè за Тори, но ова отиде предалеку. Јавното посрамотување на Дин е една работа, но снимање на шоу кое еден ден можат да го гледаат нивните деца, навистина го налутило, релок изворот.
И покрај неговите закани за развод, изворот рекол дека Спелинг смета дека ќе се предомисли од таа идеја по премиерата на емисијата.