Доналд Таск ќе ја посети Македонија – има ли план за бегалците?

Македонија може да се претвори во “сендвич”, поради економските мигранти кои ќе бидат вратени од Север, но и поради бегалците кои доаѓаат од југ. Тоа го сметаат аналитичарите, пренесе радио Deutsche Welle.

Претседателот на Советот на ЕУ Доналд Таск во недела ќе допатува во регионот и ќе се сретне со државните раководители на Албанија, Србија и Македонија. Трите земји се главен пат на бегалците кон Европа, но и на економските мигранти. Посетата ќе биде направена откако Македонија, Србија, Хрватска и Словенија воведоа “филтер” за пропуст на бегалците. Дозволен ќе им биде влезот само на оние кои доаѓаат од конфликтните области, но не и на економските мигранти.

migranti-tretman-srbija-makedonija-02

- Реклама -