Денес ќе готвиме заедно со Лудо, готвач член на нашата веб-страница.
Таа ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Домашни, здрави и брзи гумени бонбони.
Брз и здрав десерт, „гумени“ бонбони по ваш вкус, со вистинско овошје и мед.
Подготовка
Чекор 1: Портокалот исцедете го, јагодите и кивите испасирајте ги. Медот ставете го на оган заедно со сокот од лимон, па додајте го пасираното овошје или сокот. Внимавајте да не зоврие, треба само да се замлачи и да останат сите хранливи состојки.
Чекор 2: Желатинот ставете го во мал сад и додадете вода за да набабри. Додадете го во смесата на оган и мешајте додека да се растопи. Внимавајте, не смее да биде премногу топло.
Ставете од смесата во калапчиња по ваша желба и оставете ги да се стегнат во фрижидер најмалку 15 минути.
Повторете ја постапката со секое останато овошје или овошен сок.
Чекор 3: Доколку немате силиконски калапчиња за бонбони, смесата истурете ја во тава послана со хартија за печење, а потоа сечете форми по желба. Потоа сервирајте.
СОВЕТ: Доколку ви останат, чувајте ги во затворен сад и во фрижидер. Со нетрпение ги очекуваме вашите фотографии какви бонбони ќе подготвите.