Домашен рецепт за сируп против кашлица

Сведоци сме на постојани и ненадејни промени во температурните разлики, па болките во грлото и сувата кашлица се се почеста појава. Но, пред да започнете да се лекувате со разни видови на апчиња, испробајте го овој домашен сируп, кој пријатно ќе ве изненади со својата ефикасност.

Потребни состојки:

– 10 големи ловорови лисја
– 5-6 листови од жалфија
– 200 г. шеќер
– 2 дл. вода

Подготовка:

1. На тивок оган мешајте го шеќерот додека не се стопи и не се претвори во карамела со златно-смеѓа боја.

2. Во истиот сад додадете топла вода и продолжете да мешате се додека карамелизираниот шеќер не се растопи потполно во водата.

61010493-blog-yulunga2-kasalj-sirup-domace-karamel-lovor

3. На крајот, додадете ги лисјата од ловор и жалфија, и мешајте се заедно на тивок оган околу десетина минути.

4. Поклопете го садот и оставете сирупот да се олади, а потоа исцедете го и пресипете го во стаклено шише.

61010490-blog-yulunga2-kasalj-sirup-domace-karamel-lovor

- Реклама -