Домашен коктел од киви кој ќе ги наполни вашите батерии

Во овие топли денови одлично ќе ви дојде вкусен, ладен пијалок, кој ќе ги наполни вашите батерии. Подгответе го овој освежителен овошен коктел од киви, и денот веднаш ќе ви започне позитивно.

Потребни состојки:

– киви
– сок од ананас
– коцки мраз

koktel-kivi1

Подготовка:

1. Кивите излупете ги и исецкајте ги на тркалца.
2. Во блендер ставете ги тркалцата киви, сок од ананас и коцки мраз. Изблендирајте ги сите состојки.
3. Смесата сипете ја во изладена чаша за коктели.
4. Коктелот украсете го со парче киви.

Уживајте!

IMG_8359

- Реклама -