Долниот веш го открива карактерот на мажот

Доколку мажот сам си го купува долниот веш, тогаш понежниот пол може да дознае за каков тип на маж станува збор. Обрнете внимание кога за прв пат ќе го здогледате во кревет. Во тој момент може да дознаете многу за него и за неговата животна филозофија, па тоа ќе ви помогне да дознаете на време со кого си имате работа.

Широки боксерици
Мажот кој носи децки боксерици со најразлични апликации и цртежи, е истиот оној кој ќе се израдува кога ќе најде три дена стара пица и со задоволство ќе ја изеде. Тој секогаш е опуштен и спремен за забава со било кое друштво во кое ќе се најде. Лошата страна е тоа што не е сериозен и не мисли на иднината. Неговите емоции ќе се развијат многу брзо, но и со истото темпо ќе ги снема.
<

Тесни боксерици
Овој тип на маж знае што сакаат жените. Умерен и елегантен, но и опуштен кога треба. Со тоа што носи тесен долен веш, тој си скратува од својата комфорност само да ви го измами погледот и да ви ја предизвика фантазијата. Имајте на ум дека најверојатно е интелегентен и не се обидувајте да го манипулирате, зошто ќе ви врати со иста мера.
The-most-practical-men-underwear

Обични гаќи
Овој тип на маж не се замара со тоа како изгледа или што ќе помислите за него. Прилично сериозен и не толку забавен, тој не е спремен да ја прифати модата на сметка на неговиот комфор. Такви гаќи носи од дете и навистина се чуствува удобно во нив. Реалистичен тип кој има традиционални ставови кон животот.
315729_foto--improveme-se_f

Не носи долен веш
Ви текнува на Џои од “Friends”?
tumblr_m52ufqao7g1qirhcwo1_500

Танга
Овие мажи сакаат да се покажуваат и истакнуваат. Нивната задница, поради која потрошиле доста време во теретана, мора да привлечне внимание во јавност. Најчесто интелектуално и емотивно ограничени, обрнуваат внимание само на надворешноста, а духовните вредности за нив се мистерија.
634216477388910000

- Реклама -