Најмладиот син на сопственикот на „Плејбој“ имеријата, Купер во видео откри како е да се расте во една од најинтригантните вили во историјата.
– Ова е мојот дом, иако не може да се нарече традиционален дом, но тоа за мене и за мојот брат, особено додека нашите родители беа заедно- вели Купер за „Business Insider“.
– Кога се разведоа нашите родители, татко ми купи имот во соседството. Родителите како деца не чуваа од прерано созревање, како што прават и поголемиот број семејства. Не присуствувавме на забавите.
Трчавме низ куќата и се прашувавме што се случува и зошто не сме и ние поканети. Сепак, успевавме да се „шмугнеме“ со пријателите, но не сакам да зборувам за тоа, бидејќи ќе паднам во неволја со родителите- изјавил Купер.
Купер израснал во шармантна околина, и додека некои Плејбој вилата ја доживуваат како легло на блудот, за него тоа била куќа од соништата.
– Ова е Грото- раскажува Купер додека покажува кон огромната, вештачка фонтана, која во себе крие пештера.
– Додека за некои ова е Мека за оргии, за мене пештерата е инспирација од Индијана Џонс- вели Купер, истакнувајќи дека никакви „развратни“ работи не се одржале додека тој растел.