Бијонсе никогаш не се плаши да експериментира со својот изглед.
Кога сè така добро ѝ стои, тешко е да се одлучи само за еден изглед!
Познатата дива Бијонсе Ноулс Картер е видена во Њујорк како излегува од музичкото студио, неколку моменти откако од таму излезе и Џеј Зи.
Славната пејачка го покажа својот нов изглед- долга коса со плетенки, а стегнатото тело го нагласи со мрежест бел фустан.
Бијонсе го снима и својот нов спот за песната „Say Yes“ со своите пријатели и колеги од групата Destiny’s Child, со кои и ја започна својата музичка кариера, а наскоро ќе започне летна турнеја со сопругот Џеј Зи „On The Run“.
Нивниот спот „Run“ предизвика вистинска еуфорија меѓу обожавателите, бидејќи е направен како трејлер за филм кој никогаш нема да излезе, и многумина посакуваат моќниот пар и навистина да сними филм.
Тој трејлер можете да го погледнете ТУКА.