Докажа дека годините не и можат ништо.
Во средата навечер Шерон Стоун избрала комбинација во која ги засени и оние многу помлади од неа. Славната дива изгледа дека нејзе годините не и можат ништо и едноставно сјаеше во добитната комбинација.
Црниот краток фустан ја истакна нејзината завидна линија и ги нагласи облините кои привлекуваа погледи.
56-годишната дива погледот го сокрила под големите очила за сонце, но насмевката не ја симнала од лицето додека позирала пред бројните фотографи и така стана центар на вниманието на медиумите.
Предходната вечер се појави во елегантен црвен фустан во кој едноставно блескаше.