Премиерата на документарниот филм за Бијонсе, што сама го режираше, „Life Is But a Dream“ на HBO минатата недела ја гледале 1,8 милиони гледачи, објави „The Hollywood Reporter“. Како што пишува магзинот ова е најбројна публика на документарен филм на HBO од 2004 година.
Со ова „Life Is But a Dream“ ја надмина гледаноста на филмот на Спајк Ли за ураганот Катрина, „When the Levees Broke: A Requiem in Four Acts“ чија премиера ја погледнале 1,7 милиони гледачи.