Порно актерката Елизабет Стар (43) пред 15 години ги зголемила градите со естетска хирургија, а сега вели дека големината на градите ѝ го уништиле животот. Имплантите ги вградила за да ја подобри својата кариера, а докротите ѝ ставиле посебни силикони, кои се инаку забранети.
– Бев жртва на експеримент, па денес заради тоа плаќам голема цена. Пред 15 години бев уверена дека зголемувањето на градите ќе ми ја подобри кариерата, а имав и семејсвто кое требаше да го издржувам- изјавил Елизабет за Dejli Mejl.
Порно актерката додала дека денес размислува само за тоа дека пластичната операција ќе ја чини животот.
Елизабет вели дека до сега била на вкупно 63 пластични операции, и повеќе не може да си дозволи ни една, бидејќи модринките и инфекциите можат да ѝ ја уништат кариерата.
Елизабет објаснила дека докторите во операцијата на градите „вградиле“ посебни силикони поради кои нејзините гради од година во година се повеќе ѝ растат. За време на операцијата имала корпа Ф, и нејзините гради непрекинато растат од 1999 година.
– Наредните операции можат дополнително да ми го нарушат здравјето, поради големината на градите крвта не циркулира нормално, а во тој случај би можело да настане тромб- вели актерката.
Таа вели дека нејзе ѝ станале тешки и секојдневните активности како што се облекување облека и туширање, затоа што нејзиното тело целосно е деформирано поради градите.