Дојде сериозен на аудиција, а потоа целосно се трансформира

Небојша Радивојевиќ (29) од Белград кој се занимава со маркетинг реши да си ја проба среќата на X Factor.

На сцената тој се појави сериозен, меѓутоа наскоро стана хит на вечерта, а тоа се должеше на изборот на песна.

Небојша реши да ја запее „What Does The Fox Say“ од Ylvsa, песна која е пародија на денешните поп песни.

Жири комисијата остана збунета, меѓутоа Небојша добро се забавуваше.

Сепак тој го заврши шоуто со три „НЕ“ и образложение дека треба да биде пејач, а не забавувач.

- Реклама -