Небојша Радивојевиќ (29) од Белград кој се занимава со маркетинг реши да си ја проба среќата на X Factor.
На сцената тој се појави сериозен, меѓутоа наскоро стана хит на вечерта, а тоа се должеше на изборот на песна.
Небојша реши да ја запее „What Does The Fox Say“ од Ylvsa, песна која е пародија на денешните поп песни.
Жири комисијата остана збунета, меѓутоа Небојша добро се забавуваше.
Сепак тој го заврши шоуто со три „НЕ“ и образложение дека треба да биде пејач, а не забавувач.