Популарниот предизвик „Ice Bucket Chalenge“ е создаден со цел да се соберат донации за борбата против амиотрофичната латерална склероза (АЛС).
До сега на популарниот предизвик одговорија бројни познати личности, меѓу кои Марк Цукерберг, Бил Гејтс, Џенифер Лопез…
Сепак, само славниот Чарли Шин го направи тоа на поинаков начин.
Наместо студена вода, Чарли својата кофа ја наполнил со пари.
„Чекај, па тоа не е мраз. Тоа се десет илјади долари во кеш кои ќе ги донирам за АЛС фондацијата бидејќи мразот ќе се стопи, а овие пари навистина ќе им помогнат на луѓето“, рекол Чарли.
Притоа го предизвика Џон Крајер, Чак Лори и Ештон Качер да го направи истито што и тој. Крајер е поранешен колега од серијата „Two and A Half Men“, Лори е авторот на серијата, а Качер е неговиот наследник во серијата.