Леталото New Horizons на НАСА успешно го мина патувањето од 4.88 милијарди километри, започнато пред девет години, за направи детални податоци за површината на Плутон.
Фотографијата од Плутон со 10 пати поголема резолуција на нешто што никогаш претходно не сте виделе е откриена од страна на НАСА.
Таа покажува докази за геолошка активност, воден мраз и планини кои се формирале пред 100 милиони години.
Првата фотографија со висока резолуција од Плутон е пратена назад на Земјата, откривајќи 3.350 метри високи планини создадени од воден мраз.
НАСА, исто така, откри фотографија од Харон, покажувајќи кањон кој е шест милји длабок, и нов поглед на Хидра.
New Horizons направи најблизок пристап до Плутон вчера (среда) по 3 милијарди милји долгото патување кое траеше 9 ипол години.
„Ние сега имаме изолирана мала планета која покажува активност по 4.5 милијарди години“, вели Алан Стерн, главен истражувач на New Horizons.
„Ова е една од најмладите површини кои сме ги виделе до сега во сончевиот систем“, додаде Џеф Мур од геолошкиот тим на New Horizons.
„Ова може да не поттикне да преиспитаме што ги предизвикува геолошките активности на многу други ледени светови“, вели заменик лидер на тимот Џон Спенсер.
Ќе бидат потребни 16 месеци леталото да ги испрати сите собрани податоци на Земјата, додека ги истражува сателитите на Плутон.
Great scale graphic of #Pluto & its moon Charon compared to our pale, blue dot. My new fav pic…. for NOW! 😉 pic.twitter.com/hhWQVHzuXe
— NASA New Horizons (@NASANewHorizons) July 14, 2015