Димна завеса во албанскиот Парламент против привремениот обвинител

Албанската опозиција денеска фрли чадни бомби во салата од Парламентот каде се бираше привремен јавен обвинител, кога за вршител на должноста била избрана Арта Марку.

Пред гласањето за изборот на Марку, лидерот на десната демократска партија Лулзим Баша го критикуваше премиерот Еди Рама дека сака да назначи обвинителка што е негова марионета.

Околу три илјади луѓе протестираа по улиците во Албанија против изборот на привремен јавен обвинител, пренесоа локалните медиуми. Демонстрантите имаат знамиња на Европската унија и САД и извикуваат антивладини слогани.

- Реклама -