Поранешниот модел Џенис Дикинсон (58) поднела документи за објава на банкрот. Таа наводно е во милионски долг, од кои илјадници долари му должи на нејзиниот дерматолог заради бројните козметички зафати за подмладување.
„Точно е дека имав проблеми. Се обидувам на сите да им ги вратам долговите и се чувствувам ужасно поради тоа“, рекла Дикинсон за „RadarOnline“.
Дикинсон од неодамна се повлече од јавноста. Со манекенство се занимаваше во 70-тите и 80-тите години, а потоа почна кариера на судија во популарното реално шоу „Американски топ модел“ каде што со строгото однесување предизвика гнев и бес кај моделите и публиката.
Сама се прогласи за „прв супермодел во светот“, ја навреди и уредничката на „Vogue“, Ана Винтур, Лејди Гага ја нарече идиот, а Тајра Бенкс бездушна.