Кога ги набројуваме филмовите од последната година, кои импресионираат со специјални ефекти, едвај ни паѓа на ум да ја вклучиме “Суфражетка”. Историската драма на Сара Гаврон е приказна за политичкото будење на мијачката на садови Мод (Кери Мулиган) во почетокот на XX век.
Иако нема ракети, галаксии и футуристички градови, сепак, филмот содржи околу 200 сцени кои се подобрени по дигитален пат, да не кажеме изградени од нула – во просек по две такви во минута. Ако сте ја гледале “Суфражетката” и не сте ги забележале, тоа е така затоа што не требало да ги забележите.
Најдобрите специјални ефекти во филмскиот бизнис во моментов се чуваат во тајност.
Неслучајно, на странична улица во лондонскиот кварт Сохо, меѓу хостел и салон за тетоважи, има една деловна зграда без плоча, во која се наоѓа Union VFX.
Во последните 8 години студиото, основано од Тим Каплан и Адам Гаскојн, тивко си изгради репутација исползувајќи го новиот занает на “невидливите ефекти”. Поинаку кажано – драматични промени на пејзажи, декори, па дури и актери, кои се целосно невидливи во конечниот филм.
Во “Суфражетката” тоа го вклучува пресоздавањето на Англија од 1910 година во целиот нејзин сјај против скромниот буџет на филмот – 9 милиони фунти. Да ги земеме во предвид и сцените на хиподромот на денот на смртта на Емили Дејвисон, со илјадници гледачи, кои се собраа крај оградата.
Во оригиналната верзија на сцената самиот хиподром е празен.
Секој човек од толпата е компјутерски генериран модел, изграден од фотографии на целото тело на мал број статисти во историски носии – и анимиран преку компјутер. Истата технологија обезбедува и шатори, автомобили, пазарски тезги, саем со рингишпил и стрмно лизгалиште …
Најпосле, од премиерата филмот изгледа сосема реално. Тоа донекаде се должи на фотореалистичниот квалитет на производот и на убедливоста. Фотографиите на огромната толпа во Велика Британија, направени на денот на смртта на Дејвисон, изгледаат точно така.
Самите ефекти се целосно игнорирани
Во филмовите кои очигледно се базирани на компјутерска графика – како што се трилогијата “Хобити” на Питер Џексон, камерата лебди и зјапа врз креативноста на уметниците. Но камерата на “Суфражетката” е закотвена на место – токму како што би била ако сцената беше снимена со вистински актери. Веќе толку сме навикнати на визуелниот јазик на специјалните ефекти, што не можеме да ги забележиме.
“Суфражетката” е полн со слични трикови: улици и згради кои не постојат, автомобили, кои веќе долго време се продадени, скршени стаклени панели, кои никогаш не биле скршени…
“Бизнисот со ефекти веќе не се однесува на тоа во секој кадар да има подметната зграда”, објаснува Каплан. Наместо тоа неговата работа е да создава “приказни, онакви какви што постојат во реалниот свет” – тоа вклучува формирање на реалниот свет во саканиот изглед.
Логиката на употребата на невидливи ефекти
“Создавањето на Њујорк во 40-тите години од Ливерпул има смисла, кога буџетот на филмот едвај стигнал до тоа тимот да дојде до Ливерпул,” коментира Каплан. Погодностите исто така играат улога: дигиталниот снег е полесен за работа, отколку вистинскиот.
Во “Чекорењето” на Роберт Земекис, на пример, нема смисла Џозеф Гордон-Левит да учи да оди јаже. Тој бара од компанија за специјални ефекти да направи 3D маска со лицето на актерот и таа да биде вметната врз професионалец кој што оди по јаже. Понекогаш Гордон-Левит се наоѓа на јажето, а понекогаш воопшто и не е присутен на екранот.
Производителите на автомобили го искористија овој тренд одамна
Виртуелните автомобили се полесни за осветлување и за одржување чисти, па затоа и повеќето реклами на автомобили со години не користат вистински автомобили.
Освен за “Суфражетка”, Union VFX стојат зад создавањето на невидливи ефекти и кај “Стив Џобс” на Дени Бојл, “Филомена” на Стифен Фрирс, “Далеку од безумнaта толпа” на Томас Винтерберг, и “Теоријата на сè” на Џејмс Марш.
Нивната работа ги опфаќа сите “традиционални” аспекти на киното: пребарување на локации, шминка, па дури и самата актерска игра.
Еди Редмејн освои “Оскар” и BAFTA за улогата на младиот Стивен Хокинг во филмот на Марш, но дел од улогата всушност се должи на дигиталните технологии. На пример движењата на раката по лателарната амиотропкса склероза се направени во две слики: една, во која што тој ги движи прстите (што го обезбедува движењето на мускулите) и главна рамка во која тие остануваат неподвижни.
Каплан и Гаскојн не ја сфаќаат својата работа како измама
За нив за глумата целосно е заслужен Редмејн: тие само му помогнале таа да биде спакувана во една целина. Гаскојн вели дека никој не ја гледа со сомнеж нивната работа: „Сите се свесни дека она што го правиме, е од корист на историјата на филмот”.
„Кога се наоѓаме меѓу колегите во филмската индустрија, стекнуваме идеја колку тие ја ценат нашата работа. Зборот” незабележлив “е најголемиот комплимент кој што го добиваме. Кога го слушаме ова од наши клиенти, се чувствуваме одлично”, коментира тој.
Најнезабележителниот аспект на невидливите ефекти е и најтаен: до степен да се потпишуваат договори за доверливост.
Нивната работа може да се сретне со многу еуфемистички имиња – “разубавување” е меѓу поблагозвучните, но во пракса зборуваме за дигитална пластична хирургија.
Две работи кои треба да се знаат: речиси секој средно или високобуџетен филм кој го гледате, веќе ја вклучува оваа постапка – и никој од тимот нема право да зборува за неа.
Разубавувањето потекнува од музички видеа во средината на 90-ите години
Каплан се сеќава како самиот „ги отстранувал подочниците на изведувачите или го намалувал стомачето на Тина Тарнер”.
10 години подоцна софтверот веќе бил доволно прилагоден и за филмската индустрија, а остроумните студиа дискретно го вклучиле во својот репертоар.
Сега сè е можно – без оглед дали навистина е потребно
Се поправаат заби, се зголемуваат усни, се измазнуваат брчките околу вилицата, се монтираат глави врз телата на дублери. Актери и актерки на 30, 40 и 50 години прибегнуваат сè почесто кон овие методи, наместо до реална пластична хирургија.
Помладите ѕвезди се подложуваат на скенирање на телото во најситни детали како изворен материјал за невидливо ретуширање во идните години.
Пазарот го држат мали студиа, претежно во Лос Анџелес, кои не се рекламираат и се однесуваат со резерва кон вниманието што доаѓа однадвор.
Едно од најдобрите – Vitality Visual FX, не става ништо на својот сајт, освен лого и-мејл адреса. Друго, Lola VFX, е помалку претпазливо. До неодамна сајтот нудел “нумеричка контрола на тежината”, “стомачни плочки”, “подобрување на очите”, “зголемување на телото” и “ажурирање на кожата”, со пар други услуги. Сепак нема многу практични примери во демонстративните видеа.