Канскиот филмски фестивал, 68-ми по ред, е отворен во средата оддавајќи полит на жените и актерките.
„Го прогласувам 68-миот Кански филмски фестивал за отворен. Ви благодарам на сите!“, рекла на англиски и потоа на француски американската актерка Џулијан Мур.
Жените се IN, „селфито“ е OUT, е пораката на организаторите на 68-от по ред филски фестивал.
„Жените, актерките, се симбол на љубоврта на која се основа филмската уметност“, рече водителот Ламберт Вилсон.
На вчерашното отворање на Канскиот филмски фестивал, едно од најгламурозното издание на црвениот тепих во светот прошетаа некои од најпознатите светски актерки во прекрасни вечерни фустани.
Оскаровката Лупита Нионго во Гучи и Џулијан Мур во Армани Приве предизвикаа бран воодушевувања на црвениот тепих, а засвети и Наоми Вотс во раскошниот фустан на Ели Сааб. За малку поедноставна варијанта се одлучи добитничката на Оскар Натали Портман, која блескаше во едноставниот и елегантен фустан на Диор.
Меѓу останатите актерки кои прошетаа на овој престижен црвен тепих, се најдоа и Изабела Роселини, Сиена Милер, Еманиел Девос и Емануел Беат.
Погледнете дел од прекрасните фустани во кои се појавија светските актерки.