Дека пријателската љубов ги врзува актерката Џулија Робертс и Џорџ Клуни на сите им е јасно, а сега актерката открила и дека има силни чувства и кон сопругата на Клуни, Амал.
Актерката беше гостин во емисијата „Late Show With David Letterman“ во која опиша како изгледала првата средба со сопругата на нејзиниот добар пријател.
– Ја запознав Амал на заедничка вечера. Се разбира, на Џорџ не му беше потребен мојот благослов, но морам да признаам дека прилично сум заљубена во Амал- рекла Џулија.
Инаку, Џулија Робертс и Џорџ Клуни се долгогодишни пријатели и имаат снимено и неколку заеднички филмови.