Познатиот американски актер и режисер Џорџ Клуни и неговата сакана Амал Аламудин се венчаа во саботата на приватна церемонија во Венеција.Неговите обожаватели се собраа во италијанскиот град, за да можат да го погледнат идолот и неговата сопруга, кои со помош на чамци се упатија заедно со своите најблиски до местото на венчавката. Среќниот пар и нивните пријатели и роднини пристигнаа во Венеција уште во петокот, а вечерта уживаа во празнична вечера. Меѓу гостите беа забележани Мет Дејмон и неговата сопруга, уредничката на VOGUE Ана Винтур, Синди Крафорд, Бил Мареј, Боно од U2 и многу други познати личности.
Во Венеција овој викенд царуваше лудилото. Приватниот брод – водно такси со натпис „љубов”, со која се движеа Клуни и Аламудин беше „придружувано” од десетици бродови со папараците или едноставно љубопитни луѓе.
Фановите се надеваа дека ќе ги видат ѕвездите крај плоштадот на кој се наоѓа хотелот “Аман”, во кој беа сместени двојката и нивните пријатели.
Да споменеме дека Џорџ и предложи брак на лондонската адвокатка, откако излегуваа само седум месеци. За прв пат таблоидите почнаа да ги поврзуваат заедно минатиот октомври. Иако Клуни е познат во Холивуд како „вечниот ерген”, тој сепак беше оженет за кратко во 90-тите години за актерката Талија Балсам . По разводот тој вети дека никогаш повторно нема да склучи брак. Триесет и шест годишната Британка од либанско потекло Амал сепак, го покори срцето на Џорџ. Адвокатката ги претставува интересите и на основачот на „Викиликс” Џулијан Асанџ.
Еве ја креацијата во која се појави убавицата, за прв пат по венчавката. Вистински моден погодок.