Џорџ Клуни наскоро и татко: Амал е бремена?

Џорџ Клуни и Амал Аламудин наголемо за подготвуваат за својата венчавка, а според гласнините нивното брзање е поради тоа што идната сопруга е бремена.Пред само неколку месеци, сите беа убедени дека Клуни засекогаш ќе остане најпосакуван холивудски актер. Сепак, сентименталниот живот на славниот актер од неодамна „влезе во трета брзина“. Не само што направи веридба со лондонската адвокатка Амал Аламудин, туку наскоро би можел да стане татко.

Гласнините за наводната бременост на Аламудин се појавија откако медиумите објавија фотографија на која што таа носи широка облека.

На фотографијата која што се појави на сајтот TMZ се гледа заоблен стомак под долгиот фустан.

Нејзината бременост може да се објасни со брзината со која што таа и Клуни ја донесоа одлуката за венчавка, како и одбивањето на понудата на Обединетите нации да се приклучи на комисијата кон истрагата за Газа.

- Реклама -