Џорџ Клуни можеби и ги има надминато сите препреки на екранот со леснотија, но првата средба со мајката на неговата свршеница сигурно не му била лесна задача.Актерот очигледно се потрудил, бидејќи избрал најважниот момент да се случи во луксузната вила во Италија на брегот на езерото Комо.
36-годишната Амал и 66-годишната мајка, Бери беа забележани на аеродромот и мајката изгледа останала задоволна од зет си, судејќи по широката насмвка.
Поканата за кусата посета на Италија доаѓа два месеца откако вечниот ерген на Холивуд Џорџ Клуни ја побара раката на ќерка и.
Според медиумите тоа била првата средба на двајцата и неслучајно таа се одржала во куќата на ѕвездата, која што чини 25 милиони долари. Клуни е познат по својот шарм, но имајќиго предвид тврдиот карактер на г-ѓа Бери Аламудин како новинарка, актерот сигурно бил подложен на сложен разговор. Сепак само 13-години постарата баба не останала незадоволна од Клуни, бидејќи ја напуштила земјата во видливо добро расположение.
Амал е едно од четирите деца на г-ѓа Аламудин. Идната сопруга на Клуни има една сестра и двајца браќа. Нејзината мајка е меѓународна уредничка во популарниот арапски весник “Ал Хајат”.
На CNN, Ал Џезира, Си Ен Би Си, ББС и Скај Њуз, таа се пројавува постојано како експертка по блискоисточните прашања.