Откако минатата недела на интернет беа објавени првите промотивни фотографии на кои Џони Деп е претставен како заштитно лице на новиот парфем на Диор, сега е објавен и првиот тизер за рекламата во режија на Жан-Батист Мондин од кој може да видиме дека рекламата ќе биде многу моќна и атрактивна.
Козметичката куѓа Диор објави нов тизер за рекламата на својот нов парфем „Sauvage“ чие заштитно лице е американскиот актер Џони Деп.
Во првиот тизер од 14 секунди, Џони Деп не се појавува но се слуша неговиот длабок секси глас, од кој веруваме многу жени ќе се возбудат.
„Морам да излезам од тука. На кој начин? Не знам. Диор.“
Парфемот „Sauvage“ во продажба ќе биде пуштен на 2-ри септември во продавниците ширум светот.