Џони Деп по трет пат ќе стане татко

Актерот Џони Деп и неговата вереница Амбер Хирд очекуваат дете.

Како што велат американските медиуми, Амбер неодамна открила дека ќе стане мајка а Џони е пресреќен што по трети пат ќе стане татко.

Двојката неодамна се вери, а наскоро планира и венчавка, пред бебето да се роди. Радосната вест ја израдувала и болната мајка на Деп која постојано нагласувала дека сака нејзиниот син повторно да се ожени и да добие уште едно дете пред таа да умре.

– Мајката на Деп се надева дека уште еднаш ќе стане баба. Веќе неколку пати рекла дека сонува да добие уште едно внуче, а потоа може мирно да умре- открил извор за медиумите.

Прочитајте и:  Тајните на добрата мајка и успешното родителство

Младата Амбер е пресреќна што има целосна поддршка од мајката на актерот, па и самата е подготвена да се најде во улога на мајка.

– Амбер е подготвена за тоа, а и Џони вели дека за него ова е нов живот, нов почеток- открива изворот.

За Деп ова ќе биде трето дете, а од поранешната врска со Ванеса Паради има две деца, девојка Лили Роуз (15) и момче Џејк (12).

- Реклама -