Од крајот на петтата сезона на “Game of Thrones” целиот тим на серијата – од актери до продуценти и раководството на HBO, одбиваат да откријат дали Џон Сноу навистина е мртов.
Последната епизода што се емитуваше не остави многу надеж, откако Џон беше прободен на неколку наврати. Она што сепак ја разви имагинацијата и мислење врз кое најмногу се базираат шпекулациите е веројатноста Сноу да биде воскреснат…сепак ја имаме Мелисандра со магичната сили.
Првиот постер за шестата сезона на серијата која што ќе започне во април 2016, ја закопка дополнително љубопитноста на гледачите. На постерот го гледаме Џон Сноу додека неговото лице е покриено со крв.
Досега изгледаше некако очигледно дека тој ќе се врати во живот, барем заради мистеријата околу неговите родители, која е многу важна за целата историја на Game of Thrones и затоа Сноу може да исполни важно пророштво во универзумот на серијата.
По сите вести околу него кои завршија на интернет, HBO конечно ја крена завесата и ни овозможи да си одговориме на прашањето жив ли е Џон Сноу. Судејќи по постерот веројатно повторно ќе се сретнеме со Кит Харингтон меѓу снеговите на Вала.