Популарната американска емисија „The Tonight Show“, со Џими Фелон, воведе рубрика со наслов „Misheard Lyrics“.
Гледачите на Џими преку Твитер испраќаат стихови што погрешно ги слушнале со хаштагот #misheardlyrics, а овој пат меѓу стиховите се нашле и онакви што сигурно ќе ги насмеат сите жители на поранешната држава, пренесува Индекс.
Една гледачка со години стиховите од песната „Start Me Up“ на Ролингстоунс ги пеела погрешно. Наместо „If you start me up I’ll never stop“ нејзината верзија гласела „In Yugoslavia you’ll never starve“ (Во Југославија никогаш нема да бидете гладни).