Во џихадистички напад што се случил во областите Долен и Среден Шабел во Сомалија загинале најмалку 358 лица, а голем број се повредени.
Одговорноста за овој напад ја презеде екстремистичката џихадистичка група наречена Ал Шабаб. Претседателот на Сомалија прогласил воена состојба.
Воениот командант Абдулаи Иман соопштил дека воените сили на сомалиската војска се излезени на терен, во обид да спречат натамошни напади од страна на џихадистите на Ал Шабаб.
Според официјалните информации на сомалиските власти, покрај загинатите, повредени се најмалку 228 луѓе, од кои 122 се префрлени во болниците во Турција, Судан и Кенија. Можно е бројот на загинати да расте, со оглед на тоа што неколку десетици луѓе се водат како исчезнати.