Конечно го дочекавме новото продолжение на стрипскиот филмот ‘Sin City: A Dame To Kill For’, а судејќи по трејлерот ќе биде многу возбудливо…
Поминаа веќе девет години откога е снимен првиот Sin City. Продолжението долго го очекувавме, а сега и го дочекавме. Новото продолжение носи и нова возбуда, а Џесика Алба повторно е во улога на стриптизетата Ненси Калахан.
Во филмот глуми и поранешната Бонд девојка Ева Грин, актерот Реј Лиота, Џосеф Гордон Левит, Џош Бролин, Мики Рурк, Росарио Досон, Денис Хајсберт, Џејми Кинг, а во филмот ќе се појави и Лејди Гага, која ќе глуми келнерка.
Првиот Sin City излезево 2005 година и заработи вкупно 158,7 милиони долари. Новото продолжение од успешниот стрипски филм доаѓа ова лето, и е во режија на Френк Милер и Роберт Родригез.