Џенифер Лопез и официјално е разведена од Марк Ентони иако не се заедно уште од 2011 година.
Пејачката го доби старателството над нивните деца. Таа и Марк Ентони, кои се венчаа во 2004 година, добија близнаци во 2008 година, Максимилијан и Ему а не се заедно веќе три години.
Поранешните сопружници се согласија да не плаќаат алиментација еден на друг, а Марк Ентони ќе се грижи за децата седум дена во месецот.
Пред бракот со Ентони, Џенифер имаше двајца сопрузи, а беше верена и со актерот Бен Афлек.