Џенифер Анистон конечно е бремена

Актерката има проблем со утрински мачнини, а во последно време започна да добива и на килограми.

Како што пренесува американскиот магазин „In Touch Weekly”, актерката има проблем со утрински мачнини, а во последно време започнала да добива и на килограми.

Таа со години оди на третмани против стерелитет и конечно во четириесет и петата година останала бремена.

Можеби оваа вест ќе ги поттикне Анистон и нејзиниот вереник Џастин Тероу конечно да се венчаат. Иако долго се зборува за нивната свадба, парот никако да се одлучи на тој чекор.

На Џенифер е е многу напорно и постојано ги менува одлуките, додава изворот.

- Реклама -