Актерката се согласила во голем дел од новиот филм во кој ја толкува главната улога на своето лице на нема ни малку шминка.
Верувале или не, ова е славната актерка Џенифер Анистон.
Веројатно сте шокирани од нејзиниот изглед без шминка, но таа се согласила да биде таква речиси низ целиот филм „Cake“.
Освен што улогата во оваа драма актерски е многу тешка, Џенифер морала да има „природен изглед“, односно без шминка, без фризура, без никакви разубавувања.
Храбрата актерка признала дека оваа улога многу ѝ одговарала и дека без шминка се чувствувала ослободувачки.
Погледнете го трејлерот за филмот „Cake“ и во него природната Џенифер: