Тој често е на врвот на најпосакуваните познати мажи, но се чини дека „круната“ на Дејвид Бекам може да му се лизне.
Поранешниот фудбалер од Англија, 38, беше заменет како маж со најмногу стил од пејачот/актерот/продуцентот Џастин Тимберлејк, 33, во новата модна индустриска табела.
Листата на топ 10 познати мажи со стил, направена од дигиталниот телевизиски канал Fashion One Television, исто така ги наведе и холивудските заводници Рајан Гослинг, Џејмс Франко и Бредли Купер.
Портпаролот на „Fashion One“ изјавил: „Ова се машките икони кои се амбасадори на добриот стил и поставување на трендови, и влијаат не само на нивните обожаватели и колеги, но и на модната индустрија во целина.
Целосната листа на топ 10 познати мажи со стил се:
1. Џастин Тимберлејк
2. Дејвид Бекам
3. Рајан Гослинг
4. Хери Стајлс
5. Фарел Вилијамс
6. Том Форд
7. Џејмс Франко
8. Дејвид Ганди
9. Канје Вест
10. Бредли Купер
Кој според вас го има најдобриот стил?