Џесика Бел и Џастин Тимберлејк станаа родители минатиот викенд, кога се роди малиот Сајлас Рандал, а сега за прв пат го покажаа синот пред јавноста.
Уште едно славно бебе дојде на свет минатиот викенд. Познатиот пејач Џастин Тимберлејк и неговата сопруга Џесика Бел станаа родители на малиот Сајлас Рандал, а нивниот потпарол потврдил дека сè поминало во најдобар ред.
Џастин и Џесика не чекаа долго за на светот да му го покажат своето мало чудо, како што го нарече пејачот пред раѓањето. На својот Инстаграм профил тој објави убава фотографија од сопругата со малиот Сајлас, кој ги освои срцата на сите со неговата слатка гримаса. Малото бебе на фотографијата носи дрес на „Мемфис Гризли“, омилениот кошаркарски клуб на својот татко.
Ако судиме според сликата, Сајлас ќе биде вистински мал шармер, а можеби и голем кошаркарски фан, на тато.