Поп пејачот Џастин Бибер постојано ја продолжува листата на скандали во кои е вмешан, а последниот во низата е дека со две жени има вонбрачни деца, барек според анонимниот извор од неговиот тим.
Како што се дознава, скандалот до сега успешно останал неприметен благодатение на маркетинг екипата на пејачот, чија работа воопшто не ја олеснува. Неговите вработени со вистински маки се обидуваат да го зачуваат неговото богатство кое се проценува преку 150 милиони долари, иако пејачот ена постојана мета на разни тужби.
„Тие не го прашуваат како да се справат со проблемите кои ги прави, туку ги решаваат“, наведува неименуваниот извор.
Според информациите, две жени се многу добро финансиски компензирани по легитимна проверка на нивните барања, но и целосно одвојување од Бибер, со кој повеќе немаат никаков контакт.
Ова е само еден од низата скандали на Бибер, после плукањето врз свои обожаватели од балкон во Торонто, возење во пијана состојба, посета на бразилски бордел и кажување на расистички вицови.