Откако вчера беше актуелна веста дека Џастин Бибер и се пуштил на Адриана Лима, која што наводно го откачила, денеска се зборува за уште една убавица, овој пат Хајди Клум.
Славната манекенка се најде на мета на медиумите бидејќи тинејџ ѕвездата Џастин Бибер се најде покрај неа на забавата и ја фати на чуден начин околу градите.
Фотографијата на која што Џастин Бибер ја прегрнува Хајди ги обиколи речиси сите медиуми во светот. Според новите наводи Бибер сакал да ја допре манекенката, па ја фатил за градите.
На ова се огласи Хајди дека воопшто не е така, и дека Бибер е многу пристоен.