Џастин Бибер и Хејли Болдвин ќе потпишат предбрачен договор

Познатиот музичар нема да застане пред олтар сè додека тој и неговата свршеница, Хејли Болдвин не потпишат предбрачен договор.

Кога Бибер ја побарал Болдвин за сопруга, тој најпрво не планирал да потпишува ништо. Меѓутоа, советуван од својот менаџерски и ПР-тим, но и семејството и пријателите, пејачот се согласил дека сепак треба да се потпише ваков договор.

Како што шпекулираат таблоидите, со овој договор, во случај на развод, секој си го задржува својот дел од имотот и не го дели со другиот.

Се проценува дека Бибер поседува имот и банкарски сметки во вредност од 265 милиони долари, додека богатството на Хејли е доста помало, 6 милиони долари.

- Реклама -