Биберовата „пријателка“ со задникот се заканува дека ќе ја засени Ким Кардашијан. Ќе успее ли во намерата?
Пејачот Џастин Бибер минатата година ја запозна Јована Вентуру (18) и од тогаш се блиски. Неговите другари најмногу му завидуваат на тоа што може да ја повика кога сака и да биде во нејзино друштво.
Јована се обидува да се наметне во светот на модата, а најмногу сака да се фали со своето тело.
Заводливата црнка често објавува предизвикувачки фотографии на својот профил на Инстаграм, а неретко им дава совети на жените како да се хранат и да вежбаат за да бидат згодни.
Кога се фотографира во теретана, во прв план секогаш го става задникот, а обожава да покажува и како изгледа додека тренира.