Девојка направи генијален кавер на Heart-Shaped Box од Нирвана

Kawehi, позната низ нејзиниот роден крај по многуброните настапи во форма на „оne-woman band“, овој пат направи одлична преработка на познатата песна од Нирвана, Heart-Shaped Box.

Во едноставно видео во кое пред неа има само микрофон, усб миди клавијатура и чаша црвено вино, младата Хавајка ја изведува песната на сосема необичен, свој начин.

Каверот е дел од нејзиниот проект наречен Robot Heart, кој излегува за четири дена и за кој можете да се информирате повеќе на нејзината официјална веб-страница.

 

- Реклама -