21-годишната Кејти се обидела да се самоубие во 2014 година, пукајќи си во лице со пушката на нејзиниот брат.
Оттогаш започнува нејзината тешка, но со позитивен исход приказна. Откако ја пронашол нејзиниот брат, таа била пренесена во клиника во Мемфис каде на лицето ѝ била пресадена кожа од стомакот. Оваа интервенција не била целосно успешна и Кејти станала кандидат за трансплантација на лице.
До конечната реализација на трансплантацијата, лицето на Кејти било реконструирано колку да може да дише и јаде. Конечно, во 2017 е изведена операцијата за трансплантација. Таа треба да биде оперирана уште неколку пати додека лицето да ѝ биде реконструирано целосно, но ќе мора да прима и лекови до крајот на животот.
Оваа потресна приказна е сторија на месецот на новото издание на магазинот National Geographic.